Мицотакис: Ципрас е недостоен премиер кој го дели народот
Претседателот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, упати остри критики кон грчкиот премиер, Алексис Ципрас, велејќи дека е „недостоен премиер“, кој го дели народот, поради неговиот став изразен пред Макрон и Анастасиадис дека оние кои учествуваа на демонстрациите против Договорот од Преспа се „екстремно десничарски популисти“, јави дописничката на МИА од Атина.