Ципрас: Најважната награда е мирниот соживот меѓу двата народи
Со Договорот од Преспа придонесуваме за мирен соживот, солидарност, соработка, пријателство и мир меѓу двата народи, но и во поширокиот регион и тоа е најважната награда, рече премиерот на Грција, Алексис Ципрас, во однос на номинацијата за Нобеловата награда за мир за него и неговиот македонски колега.