Ципрас: Денес е историски ден, Северна Македонија ќе биде земја пријател
Северна Македонија, која се роди денес ќе биде земја пријател, напиша премиерот на Грција, Алексис Ципрас, на неговиот официјален Твитер профил, кусо по соопштувањето на резултатите и зеленото светло од грчкиот Парламент за Договорот од Преспа. Тој додаде дека денес е историски ден, денес „се пишува нова страница за Балканот“, јави дописничката на МИА од Атина.