Изетбеговиќ: Ќе се откажеме од измена на името на Република Српска, ако СНСД го промени однесувањето
Партијата за демократска акција (СДА) е подготвена да се откаже од иницијативата за покренување правна постапка за промена на името на Република Српска, доколку владејачката партија во српскиот ентитет во БиХ, Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), во следните шест месеци го промени своето однесување, изјави денеска лидерот на СДА, Бакир Изетбеговиќ.