Папахристопулос: И да не постоеше ПЈРМ, ќе требаше да ја измислиме
Само добро може да и понуди на Грција соседната земја и да не постоеше, ќе требаше да ја измислиме, рече пратеникот од Независни Грци, Танасис Папахристопулос кој е со непроменет став во однос на Договорот од Преспа и индиректно, во неговиот говор во грчкиот Парламент, потврди дека ќе гласа за ратификацијата, јави дописничката на МИА од Атина.