Отфрлени приговорите на опозициските грчки партии во расправата за Договорот од Преспа
По час и половина жестока дискусија околу процедурални прашања, доставени приговори од опозициските партии и отфрлени од мнозинството пратеници, со говор на пратеничката од СИРИЗА Сиа Анагностопулу почна суштинскиот дел од расправата за ратификација на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент. Таа, заедно, со пратеникот од Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, се известувачите на нацрт законот, јави дописничката на МИА од Атина.