Во Атина утре нов протест против Договорот од Преспа
„Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, организацијата која стои зад протестите против Договорот од Преспа, ги повикува Грците утре попладне, во пресрет на гласањето за ратификација на договорот да излезат на плоштадот Синтагма, пред грчкиот Парламент, „да го изразат нивното противење за криминалот што ќе биде извршен во парламентот“ , јави дописничката на МИА од Атина.