Вашингтон до косовските лидери: Избегнувајте го говорот на омраза кон Специјалниот суд
Висок претставник на американската Влада ја потврди поддршката на Вашингтон за работата на Специјалниот суд за Косово и ги повика косовските лидери да се воиздржат од употреба на јазик на омраза кон Судот, бидејќи, според него, иднината на Косово зависи од нивното однесување кон таа правна институција, пишува приштинскиот портал „Инсајдери“.