Каменос: Ќе направиме сѐ владата да не добие доверба и да го блокираме Договорот од Преспа
На сите начини, што уставно ми стојат на располагање, ќе се борам владата да не добие доверба, бидејќи тоа е поврзано со Договорот од Преспа и ќе направиме сѐ што можеме, во и вон Парламентот да го блокираме договорот, рече лидерот на Независни Грци, Панос Каменос во интервју за централното издание на вестите на грчката телевизија Стар, јави дописничката на МИА од Атина.