Папахристопулос: Откако ќе гласам за Договорот од Преспа ќе го отстапам моето пратеничко место
Пратеникот од Независни Грци, Танасис Папахристопулос, кој и во минатото јавно изјавуваше дека го поддржува Договорот од Преспа, во интервју за грчката телевизија ЕРТ, го повтори неговиот став дека откако ќе гласа за ратификацијата, ќе го отстапи пратеничкото место, јави дописничката на МИА од Атина.