Средба Катругалос -Пајат
За стратешкиот дијалог Грција- САД, за билатералните односи, но и за Договорот од Преспа, разговарале алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, и американскиот амбасадор Џефри Пајат на нивната средба во Министерството за надворешни работи, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на дипломатски извори.