Повторно затворен патот Приштина-Скопје, долги колони и до четири часа чекање
Патот од Приштина до границата со Македонија, на делницата Качаник-Генерал Јанковиќ, денеска потворно е затворен за сообраќај поради градежни работи на последната траса од автопатот „Арбен Џафери“, што предизвика долги колони од возила на патот кој води до границата со Македонија кај Блаце, информираат косовските медиуми.