Тачи се сретна со претседавачите на државниот тим за преговори со Србија
Претседателот на Косово, Хашим Тачи се сретна попладнево со двајцата претседавачи на тимот за преговори со Србија, вицепремиерот Фатмир Лимај и лидерот на Социјалдемократската партија на Косово (ПСК) Шпенд Ахмети, со кои разговарал за последната фаза на преговори со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.