Мицотакис и Генимата се против Договорот од Преспа за да предизвикаат политички случувања
Грчки владини извори коментираат дека претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис и лидерката на Движење на промена, Фофи Генимата, ставот за „наводно признавање на македонска националност“, го користеле како изговор за да не го поддржат Договорот од Преспа, бидејќи не се грижат за националните интереси, јави дописничката на МИА од Атина.