Договорот од Преспа присутен и во расправата во грчкиот Парламент за буџетот за 2019
На последниот ден од расправата во грчкиот Парламент за буџетот за следната година, кусо пред гласањето, иако не беше на дневен ред, Договорот од Преспа, сепак, се најде во говорите на лидерите на политичките партии, но и на дел од пратениците, јави дописничката на МИА од Атина.