„Газета Експрес“: Дијалогот блокиран, Брисел нема датум за следна средба Тачи-Вучиќ
Неуспешното продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина на 7 септември во Брисел, односно одбивањето на претседателот на Србија Александар Вучиќ да се сретне со неговиот косовски колега Хашим Тачи, го одбележа почетокот на блокадата на неколкугодишниот процес на дијалог за постигнување договор за споровите меѓу Косово и Србија, објави денеска „Газета Експрес“.