Папас: Настојуваме да го убедиме Каменос и неговите пратеници дека Договорот од Преспа е корисен
Настојуваме да ги убедиме и пратениците, но и самиот Панос Каменос дека овој договор треба да биде изгласан и од него и од пратениците на Независни Грци, бидејќи е во корист на интересите на народите, вели министерот за дигитална политика на Грција, Никос Папас, во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ.