Ѕанакопулос: Ги поддржуваме напорите на Заев да не се изгуби големата шанса
Ние од наша страна продолжуваме да ги поддржуваме големите напори на господинот Заев, продолжуваме да ја поддржуваме потребата за зачувување на моментумот на Договорот од Преспа, бидејќи сметаме дека е штета да се изгуби големата шанса за да се реши едно прашање што го измачува Балканот околу 30 години, рече портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, на денешниот редовен брифинг со новинарите.