Рама за идејата за менување на границите: се наоѓаме пред историска шанса
Албанскиот премиер Еди Рама, коментирајќи ја идејата за менување на границите меѓу Косово и Србија, рече дека тоа е историска шанса што доаѓа еднаш на 30 години иако, како што додаде, се уште нема некоја финална идеја за ова прашање. Рама не се изјасни директно за или против менувањето на границите, кое го предложија претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи.