Албанската опозиција најави продолжување на бојкотот на Парламентот
Земјата е во вонредна национална состојба, повеќе не постои држава, нема судство и обвинителство, се носат закони за да се полнат џебовите на албанскиот премиер Еди Рама, па во вакви услови опозицијата не се враќа во Парламентот, изјави во Валона лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, пренесувајќи го ставот на албанската обединета опозиција.