„Зидојче цајтунг“: Вучиќ внесува раздор во ЕУ
Запаливи говори и запалени барикади се доволен доказ дека Косово сe уште не е решено, но српскиот претседател Александар Вучиќ со својата вешта дипломатска акробатика, успеа да го премести раздорот во ЕУ и, барем за извесно време, да го отстрани притисокот од себе, оцени германски дневен весник „Зидојче цајтунг“.