Косовското Собрание никако да ја почне седницата за именување тим за преговори со Србија
Вонредната седница на косовското Собрание за избор на владиниот тим за преговори со Србија, на предлог од премиерот Рамуш Харадинај, првично закажана за вчера во девет часот наутро, по неколкуте неуспешни обиди за одржување во текот на вчерашниот ден, доцна синоќа беше закажана за денеска во 14 часот.