Улица во Косовска Митровица ќе го носи името на Оливер Ивановиќ
Членовите на Советот на општина Косовска Митровица, на предлог на советничката група на Српската листа, одлучија една улица во северниот дел на овој косовски град да го носи името на убиениот лидер на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“ (СДП) Оливер Ивановиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.