Вучиќ и Тачи на средба со Могерини на 7 септември во Брисел
Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, ќе се состане во Брисел на 7 септември со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиот претседател Хашим Тачи, како дел од дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, во кој таа посредува.