Баша: Албанците не заслужуваат премиер поврзан со организираниот криминал
Лидерот на албанските опозициски демократи Љуљзим Баша, реагирајќи на последниот извештај на американската разузнавачка агенција ЦИА во кој се наведува дека Албанија останува клучна земја за перење пари, трговија со оружје, наркотици и мигранти, изјави дека „Албанците не заслужуваат премиер поврзан со организираниот криминал“.