Кумуцакос: Што е можно побргу да се излекува раната во грчко – руските односи
Повредата во грчко - руските односи е неопходно да се излекува колку е можно побргу со добро проучени, трезвени, а не со импулсивни постапки, изјави Јоргос Кумуцакос, одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија во изјавата за последните случувања на релација Атина - Москва, јави дописничката на МИА од Атина.