Ципрас: Се формира Национална служба за управување со вонредни состојби
Грчкиот Генерален секретаријат за цивилна заштита се укинува и ќе биде заменет со Националната служба за управување со вонредни состојби што ќе биде независна јавна служба која хиерархиски ќе биде под Министерството за внатрешни работи, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас, презентирајќи го новиот модел на цивилна заштита, по катастрофалните пожари во областа Атика што одзедоа над 90 човечки животи.