Каменос: Пред Договорот да дојде во грчкиот парламент, Независни Грци ќе ја напуштат владата
Пред Договорот од Преспа да дојде во грчкиот парламент, Независни Грци ќе ја напуштат владата, а земјата ќе оди на избори, вели лидерото на партијата Панос Каменос, коалициониот партнер во грчката влада и министер за одбрана на Грција. Во интервју за радиото „Реал фм“, тој уште еднаш го повтори ставот дека неговата партија нема да отстапи од позициите.