Власи: Не е можна размена на територии меѓу балканските држави
Некогашниот висок функционер во поранешна Југославија и некогашен советник на актуелниот косовски претседател Хашим Тачи, адвокатот Азем Власи, смета дека размена на територии меѓу балканските држави не е возможна, бидејќи тоа прашање е веќе затворено, јави дописникот на МИА од Приштина.