Даут Харадинај: Тачи греши, промената на границите води во војна
Пратеникот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Даут Харадинај смета дека идејата за корекција на границите, која на последните прес-конференции ја пласира претседателот Хашим Тачи, носи нов конфликт и е опасна за Косово, но и за сите земји од регионот, јави дописникот на МИА од Приштина.