Министерот Дедај кој ги навреди Турците, ќе биде косовски амбасадор во Македонија
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на барање на пратениците од Групата 6+, претставници на етничките малцинства во Собранието во Приштина, се дистанцира од навредите на заменик министерот за надворешни работи на Косово, Ѓерѓ Дедај упатени кон Турција, но и покрај тоа тој најверојатно ќе биде именуван за амбасадор во Македонија, тврди „Коха Диторе“.