Во Атина одржан собир во чест на жртвите во пожарите
Со свеќи во рацете и со едноминутен молк, тивко, мирно, Грци од сите возрасти се собраа синоќа на атинскиот плоштад Синтагма пред грчкиот Парламент и пред споменикот на незнајниот јунак за да им оддадат почит на жртвите од пожарите, јави дописничката на МИА од Атина.