Тачи: Косово го почитува територијалниот интегритет на Србија
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Тачи по состанокот изјави дека ги ислушал внимателно изјавите на претставниците на Албанците од Прешевската Долина, но дека, според него, финалниот договор ќе биде „помеѓу две независни држави, без да се задира во нивниот суверенитет“.