Баша: Меѓународните претставници ја губат довербата кај албанската јавност
Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша упати критики до меѓународните претставници во Тирана, за, како што рече, нивниот молк, поради нефункционирањето на Уставниот суд и блокирањето на Врховниот суд, што довело до намалување на довербата кон нив од страна на јавноста.