Најмалку 81 загинат, 64 повредени и непознат број на исчезнати во пожарите во областа Атика
На 81 се искачи бројот на загинати во пожарите во Грција, а и понатаму е непознато колку лица се исчезнати, соопштија доцна синоќа од противпожарната служба на Грција. Според портпаролот на грчката влада, хоспитализирани се 60 возрасни лица, од кои 11 се во критична состојба и 4 деца, вон животна опасност.