Приштина бара меѓународните фактори да истражат дали Србија продава оружје на терористи
Министерството за надворешни работи на Косово изрази вознемиреност поради информациите кои ги објавија, како што нагласува, кредибилни меѓународни организации, како Амнести интернешенел (АИ), дека Србија продава оружје на терористички организации, пред се во Африка, јави дописникот на МИА од Приштина.