Захариадис: Меѓу мирните граѓани на протестите можеби имаше и такви, кои „зедоа нешто“
Можеби граѓаните кои на протестите говореа за предавства и создадоа тензии и не се толку чисти патриоти, можеби и зеле нешто, вели директорот на пратеничката група на СИРИЗА, Костас Захариадис во интервју за радиото на грчката новинска агенција, „Практорио 104.9 ФМ“, во однос на случајот со активностите на руските дипломати во северна Грција и информациите за обиди за поткуп.