Пацоли го демантира Дачиќ за повлекувањето на признанието од Папуа Нова Гвинеја
Шефот на косовската дипломатија, Беџет Пацоли ја демантира синоќа информацијата што неколку часови порано ја објави неговиот српски колега, Ивица Дачиќ, дека Папуа Нова Гвинеја е шестата земја која го повлекла признавањето на независноста на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.