Рамадани: Безбедносните сили на Косово на есен ќе станат војска, но нема да го сменат името
Заменикот министер за Безбедносните сили на Косово (ФСК), Бурим Рамадани изјави дека Владата ги завршува подготовките за трансформација на ФСК, по пат на законски измени, во војска на Косово, но без да се смени името на оваа вооружена формација, јави дописникот на МИА од Приштина.