Стефановиќ: Србија нема да биде тампон-зона за мигранти
Србија нема да биде тампон-зона за мигранти, а тоа не беше ниту предмет на неодамнешен состанок на лидерите на ЕУ, рече денеска српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, по повод некои толкувања за тој состанок.