Во Приштина не е киднапирана новинарка од Албанија, туку друго лице, објави полицијата
Косовската полиција попладнево ги демантира наводите дека во Приштина е киднапирана новинарка на Албанската радио-телевизија. Според нив, првичните информации, објавени во медиумите, биле резултат на забуна од страна на самата полиција, јавува дописникот на МИА од Приштина.