Коѕијас во Парламентот ќе претстави доверливи документи за преговорите за името
По наредба на Никос Коѕијас, околу 30 доверливи документи поврзани со преговорите за името, било побарано од грчкото МНР да се декласифицираат, а денеска министерот за надворешни работи на Грција ќе ги објави на расправата во Парламентот, објавуваат грчките медиуми, повикувајќи се на владини извори.