Грчкото Министерство за финансии денеска донесе одлука за олеснивање на контролата на капиталот, со тоа што реши да го зголеми лимитот за повлекување средства од банките во Грција од страна на физичките лица од досегашните 2.300 на 5.000 евра месечно.
Бугарската министерка за енергетика Теменужка Петкова денеска изјави дека Бугарија добила барање гасоводот „Турски поток“ кон Европа да минува низ нејзина територија.
Коалицискиот партнер во грчката Влада, партијата Независни Грци, не отстапува од цврстиот став против сложено име и вклучен термин Македонија во името на нашата земја.
Црковниот аспект на проблемот се движи кон решение и ова е многу важна разврска што ќе има влијание врз решавање на македонското прашање, вели заменикот министер за надворешни работи Јанис Аманатидис во интервју за грчкото радио „Реал фм“.
Во 13 градови од северниот дел на Грција во среда, на 6 јуни, во 19,30 часот, ќе се одржат 13 паралелни протести за „грчкиот карактер на Македонија“.
-Премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, изјави дека не само што „во принцип веќе постои договор“ со Алексис Ципрас, туку дека „Грција ќе испрати писмо до НАТО за ПЈРМ да добие покана за членство во Алијансата.
- Единствено што постои до овој момент е одлуката на Светиот синод на Вселенската Патријаршија да се спроведе потребното за да се задоволи барањето на премиерот на ПЈРМ за бришење на терминот „Македонија" од името на црквата на нашите северни соседи, пишува во соопштението.
Русија нема ништо против да има втора точка за влез на гас од Русија преку „Турски тек“ за Бугарија, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ.
Со вкупно над 380 години затвор повеќе од 70 лица во регионот на Западен Балкан се осудени и затворени за тероризам и за учество во странски боишта, изјави денеска генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ во Тирана.
Европските дипломати се подготвуваат за “напнат“ Самит во јуни, но велат дека во секој случај ќе биде “многу тешко“ да не и се дадат преговори во еден или друг облик на Македонија, доколку се реши спор стар над 25 години, јавува дописничката на МИА во Брисел.