Во Словенија состанок на Процесот за соработка во Југоисточна Европа
На Брдо кај Крањ во тек е состанок на врвот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), а се разговара за проширување на Европската унија, безбедноста, перспективата за младите и дигиталната преобразба на општеството, што се приоритетни области на словенечкото претседателство со ПСЈИЕ.