Бакојани: Спорот со името неможе да се решава во делови
Ставот на опозициската Нова демократија дека спорот со името не може да се решава во делови, туку само со едно пакет решение, уште еднаш го повтори поранешната министерка за надворешни работи на Грција, а сега пратеник Дора Бакојани. Во исто време, упати критики до грчката влада, за начинот на кој ги води преговорите.