Во коментарите на вчерашното интервју на македонскиот премиер Зоран Заев за „Еуроњуз“ грчките медиуми ја користат изјавата на Ангела Меркел од заедничката прес конференција во Берлин токму со него за тоа дека „јавните изјави може повеќе да му наштетат на процесот“.
Да бидеме внимателни во очекувањата за прашањето за името со Скопје, рекле за „То Вима“ кругови од грчката дипломатија, поткрепувајќи го ова со ставот дека разликите меѓу двете страни, за одредени точки сѐ уште се големи.
Скопје сака лесно решение, а ние фер и одржливо решение, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, по советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел.
Промената на уставот на соседната земја е цврста преговарачка позиција на Атина, вели портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за радиото „Real fm“. Тој, како што јавува дописникот на МИА од Атина, уште еднаш ги повтори грчките позиции.
Одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, упати остри критики до грчката Влада дека не ги информира ниту партиите, ниту граѓаните, за преговорите со името, а единствените информации пристигнуваат или од странство или од медиумите.
Трајно и комплетно решение, кое во иднина нема да се промени и нема да остави простор за иредентизам, се двете карактеристики на договорот што Грција го посакува со Македонија, бара грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Јоргос Катругалос.
Се надевам дека во многу скоро време ќе има заедничка литругија меѓу македонската и бугарската црква, изјави Заев денеска во Лондон во одговор на прашањето од бугарската агенција БГНЕС дали го поддржува заедничкото сослужување на свештените лица од БПЦ и МПЦ-ОА.
Името, спектарот на употреба, јазикот, идентитетот, трговските употреби, кратенките и акронимите се седумте точки што ги содржи грчкиот предлог на нацрт спогодбата, според весникот Катимерини.
Атина преферира новото име да биде на македонски јазик, непреведено и напишано слеано во еден збор, објавува весникот „Та неа“ во денешната анализа за нацрт спогодбата што Грција ќе и ја достави на Македонија.
Коалицискиот партнер во грчката Влада, партијата Независни Грци, не отстапува од цврстиот став, да не поддржи договор за името со вклучен термин Македонија.