Голем одрон од карпи, падна на патниот правец Кукс – Шиштавец и ги отсече од светот Македонците од Гора.
Менуваат табли на улици, но не и позиции, вели одговорниот за надворешни работи во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, коментирајќи ги изјавите на македонскиот премиер Зоран Заев.
Српскиот актер Небојша Глоговац почина утрово на 48-годишна возраст, јави „Блиц“, повикувајќи се на извори од Институтот за онкологија.
За Србија 2025 година не значи бланко чек за влез во ЕУ, бидејќи за тоа се потребни тешки и неодложни реформи, изјави денеска еврокомесарот Јоханес Хан во обраќањето на конференцијата „Стратегија за Западен Балкан-Отварање на патот кон ЕУ“ во Белград.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека Хрватска ќе го покрене прашањето за наплата на воени репарации од Србија за време на посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ на Загреб следната недела.
Речиси 30 проценти изнесува сивата економија во Бугарија, покажува истражување на ММФ, според кое, официјална Софија е прва во ЕУ според овој показател.
Заменик-претседателот на Европскиот Парламент и шеф на еврогрупата на СИРИЗА, Димитрис Пападимулис, смета дека има историска шанса за решавање на спорот за името на Македонија, информира Њуз.ин.
Името може да се реши само кога нема да зрачи иредентизам, бидејќи иредентизмот е спротивен на меѓународното право и на европското законодавство, изјави грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.
Строго ќе се ограничиме на нашата улога, на соработката на двата градови, за да испратиме порака дека соработка со градот Скопје е најдоброто нешто што можеме да го направиме во овие околности, вели атинскиот градоначалник во пресрет на средбата со неговиот скопски колега.
Србија прв пат доби временска рамка која таа треба да ја искористи, но ве чекаат тешки реформи во владеењето на правота и правосудството, изјави во Белград европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ.