Каменос: Македонија е една и грчка, Вардарска е прифатливо име
Македонија е една и грчка, неколку пати повтори претседателот на Независни Грци во обраќањето на Националниот совет на партијата. Панос Каменос, кој воедно е и министер за одбрана, а неговата партија коалициски партнер во грчката влада, како прифатливо решение го предложи името Вардарска.