Грција претпочита сложено име што ќе ја разликува „ПЈРМ“ од грчка Македонија и кое ќе биде за севкупна употреба, изјави министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас, јавува дописникот на МИА од Атина.
Министерот за надворешни работи на Грција, според грчките медиуми, за време на седницата на Владата, ги известил министрите за грчките позиции во преговорите за името.
Бугарскиот амбасадор во Брисел, Димитар Чанчев, денеска појасни дека Бугарија ќе не нарекува Поранешна Југословенска Република Македонија за време на своето претседавање со ЕУ во наредните шест месеци.
Министерот за внатрешни работи на Грција Панос Скурлетис смета дека постојат предуслови за да се затвори спорот меѓу Македонија и Грција со едно заемно прифатливо име.
Освен економијата и новиот пакет реформи, на дневен ред на денешната седница на Грчката влада, и покрај тоа што не беше главна тема, се најде и прашањето за името.
Христов е убиен во близина комплексот Манастирска ливада и бил застрелан со неколку куршуми додека бил во својот џип. Полицијата пријавата ја добила некаде после 10 часот, соопштија од бугарското Министерство за внатрешни работи.
„Заев оптимист за решение во првата половина на 2018“; „Следен чекор: соопштување на името“; „Заев: немаме црвени линии“; „Можеме да најдеме решение во прашањето за името“; „Зоран Заев: Не за црвените линии“, ова се дел од насловите во онлајн изданијата.
Овој храм е во форма на крст и е изграден на брегот на истанбулскиот залив Златен рог во 1898 година со 500 тони ковано железо од Австрија. Реставрацијата која почнала во 2011 година чинела 2,9 милиони евра.
Терминот Македонија со одредница во рамки на сложено име, но на македонски, без превод на другите јазици е она што во Грција се споменува како можно решение на името.
Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека официјалниот претставник на Стејт департментот Хојт Брајан Ји, „не и чита лекции на Србија, туку секогаш зборува во името на Стејт департментот.