Зборувајќи на самитот на лидери на западнобалканската шесторка Хан рече дека тоа би ги намалило тензиите од минатото.
Против Здравко Мамиќ, некогашниот прв човек на Динамо од Загреб, покренато е ново обвинение поради сомнение дека од клубот извлекол неколку десетици милиони евра.
Како што јави Танјуг, на средбата е најавено и присуство на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.
Едно лице загина, а околу 25 се повредени во сообраќајната несреќа, во која автобус со полски регистерски таблички излета од патот Суботица – Нови Сад и се преврте.
Во Меморијалниот центар во Поточари, покрај Сребреница денеска ќе биде одржана традиционалната 22. комеморација за жртвите кои настрадаа во масакрот во тој град за време на војната во Босна и Херцеговина.
Во Трст утре ќе се одржи четвртиот Самит за Западен Балкан и Европската Унија во рамки на Берлинскиот процес. Се очекува разговорите да бидат фокусирани на поврзување во областа на економијата и инфраструктурата и луѓето во регионот како и регионот со ЕУ.
Сметам дека Србија направи грешка пред 20 години кога го призна Скопје под името Република Македонија. Тоа не беше коректно кон Грција, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Осуммина осомничени за убиство на Американец на Закинтос, меѓу кои и шест Срби, обвинети се за тешко кривично дело - убиство со умисла, јавија денеска грчките медиуми.
Претседателот на Косово, Хашим Тачи, тврди дека дијалогот меѓу Белград и Приштина наскоро ќе биде завршен со, како што вели, историски договор меѓу двете страни.
Новинарите во сите приватни, јавни и локални медиуми во Грција денеска одржуваат шестчасовен штрајк со прекин на работата од 11 до 17 часот по локално време.